Лани зголемено производството на кравјо и козјо, а намалено на овчо млеко


 Во 2024 година во земјава вкупно е произведено 282,317 милиони литри кравјо млеко, што е за 18,5 отсто повеќе отколку во 2023 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2024 година е забележано намалување на производството кај овчото млеко, и тоа за 16,4 % во 2024 година во однос на отсто во споредба со претходната година, додека производството на козјо млеко е зголемено за 8,7 отсто во споредба со 2023 година.

Вкупното производство, пак, на месо е намалено за 2,9 отсто во однос на претходната година.

Од другите добиточни производи, во 2024 година забележано е зголемено производство на волна и намалено производство на јајца во однос на 2023 година.