Регион

Градоначалникот Ацо Ристов ги прими момчињата кои го фатија крстот на Водици во Радовиш и населените места

Градоначалникот на Општина Радовиш, Aцо Ристов, денес изврши прием на лицата од населените места во општина Радовиш кои за празникот Богојавление – Водици успеаја да стигнат први до светите крстови.

Честитајќи им за негувањето на верата и традицијата и посакувајќи им многу здравје, среќа и успеси на секое поле, градоначалникот им подари паметни часовници.

Наградени беа следните момчиња: Филип Глигоров од Раклиш, Бранко Крстев од Ораовица, Павел Атанасов од Подареш, Стојанче Цветков од Јаргулица, Оливер Атанасов од Покрајчево, Христијан Ефтимов од Злеово, Кристијан Митев од Калуѓерица, како и Душко Ѓоргиев кој го фати крстот во Смиланци.

Препорачуваме:

Не е лесно да ја оценуваш играта на колегите, вели Ангеловска (видео)

Ване Трајков

Во Дабиле приведни три лица за украдено возило

Ване Трајков

Силниот ветар предизвика штети во Гевгелија

Ване Трајков