Во јануари извршени 1.500 пазарни инспекции и изречени казни од 9 милиони денари

551

Државните пазарни инспектори во првиот месец од годинава извршил 1.500 надзори на целата територија на Македонија и издал прекршочни платни налози во вредност од над 9 милиони денари, информираат од Државниот пазарен инспекторат

Најмногу прекршочни казни, над 100, државните пазарни инспектори изрекле за прекршување на Законот за финансиска дисциплина. За непочитување на Законот за трговија изречени се 30 прекршочни казни, за непочитување на Законот за заштита од пушењето има 40 казни, за прекршување на Законот за заштита на потрошувачите има 10 прекршочни казни, а за прекршување на  Законот за вршење угостителска дејност, во јануари се изречени 20 казни.

Државниот пазарен инспекторат извршил и над 300 инспекциски надзори кај трговците на големо и трговците на мало во делот на почитување на Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки односно за ограничување на маржата. Секое отстапување од највисоко утврдената маржа од 5% и 10% во трговијата на мало и трговијата на големо се санкционира.