🎥BYD Fang Cheng Bao Super 9 concept

од Vladimir Zorba

За време на пролетната конференција, кинескиот BYD го покажа и концептот на електричниот спидстер Fang Cheng Bao Super 9.

Fang Cheng Bao е подбренд на компанијата BYD, која до сега првенствено се фокусираше на електрифицирани SUV автомобили.

Super 9 е создаден од шефот за дизајн на BYD, Волфганг Егерт, поранешен ветеран на Lamborghini и Audi.

Станува збор за спортски двосед со атрактивен изглед и врати кои се отвораат нагоре, додека серискиот модел најверојатно ќе се вика Bao 9.

Автомобилот има и стилски двоен кокпит и седишта од јаглеродни влакна, додека други детали не се објавени.

Посетителите на саемот за автомобили во Пекинг (Auto China 2024) наскоро ќе можат да го видат концептот.

Слични содржини