ТЕРА

REKLAMA???

„ПРАВИТЕ БОЕМИ“-ПРВА АВТОРСКА ПЕСНА НА ГРУПАТА МАРИФЕТ

Групата „Марифет“, повеќегодишното постоење на музичката сцена го заокружуваат со нивната прва авторска песна “Правите боеми”, спакувана со спот во кој е преточена приказната на боемскиот живот од песната, делување и влијанието на боемите во опшественото живеење во средината на минатиот век. Во спотот е опфатен убавиот и разновиден амбиент од градска архитектура на градот Крушево. Музиката и аранжманот се на Киро Гаралоски, текстот го напиша Дуле Темелкоски/Киро Гаралоски.

Песната е снимена во МТ студио на Мендо Ташкоски. Видео спотот го изработија: Александар Пауноски-продукција и режија, Кристијан Теодоров-директор на фотографија, Дуле Јанев-асистент на камера и дрон, Марта Дојчиносвка-костимограф, Николина Шапе-шминка. Во реализација на спотот беа вклучени и статисти и институции кои дадоа посебен придонес, театарот Војдан Чернодрински од Прилеп, галеријата Никола Мартиноски и ООУ. Никола Карев-Крушево.