Во прв ред

Кики Рахимовски, синот на познатиот Аки, утре во Скопје промовира нова песна

Музичарот Кики Рахимовски, син на легендарниот Аки Рахимовски од „Парњи ваљак” доаѓа во Скопје. Причината за негова посета е промоција на новата песна „Киша је падала”, која ќе се одржи утре во Градска кафана „Пелситер“ во Скопје, а пак денес тој прими награда од Македонскиот олимписки комитет, која постхумно се доделува за неговиот татко.

„Киша је падала“ е напишана пред четири или пет години, и гледајќи низ некои текстови од порано, наидов и набрзина добив идеја за музика која совршено одговара на овие текстови, па песната е создадена многу едноставно и без многу филозофирање. Додека работевме на албумот, оваа песна не ми одговараше и едноставно не беше време да ја издадам тогаш. Се надевам дека публиката ќе ја препознае песната како своја и ќе ја прифати дури и подобро од „Сузе небеске“, вели Кики.

Кики е син од првиот брак на Аки, а за прв пат во Македонија дојде лани, во февруари, набргу по смртта на татко му. Тогаш кажа дека дошол да ја види својата тешко болна баба, но и да го запознае семејството во Македонија, како и земјата во која неговиот татко израснал пред да ја започне кариерата во Загреб.

За време на тогашната посета, на иницијатива на министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска и на градоначалникот на Крушево Томе Христовски, тој ја посети спомен куќата на Тоше Проески во Крушево.

Можеби ќе ве интересира: