Милан ја пронајде новата „деветка“: Репрезентативец на Словенија пристигнува за рекордна сума на „Сан Сиро“

Се чини дека екипата на Милан во летниот преоден рок ќе ангажира нов напаѓач, кој на „Сан Сиро“ ќе пристигне за рекордна сума, која ќе биде клупски рекорд. Се работи за 20-годишниот репрезентативец на Словенија, Бенјамин Шешко, кој во моментов настапува на екипата на Лајпциг во Бундес лигата.

Неговата моментална вредност според Трансфермаркет изнесува 40 милиони евра, но Милан е подготвен да понуди многу повеќе, 60 милиони евра, со што би се надминал клупскиот рекорд од 49.5 милиони евра, сума која беше платена на Лил за Рафаел Леао во 2020-тата година.

Сепак, има еден проблем за да се реализира овој трансфер. Шешко има договор до 2028-мата година, а неговата откупна клаузула е врзана со учинокот, па доколку фудбалерот продолжи да игра како и сега, сумата може да порасне на 65, па дури и на 75 милиони евра.

Шешко оваа сезона за Лајпциг одигра 40 натпревари, на кои постигна 16 гола и запиша две асистенции. Иако има само 20 години, за репрезентацијата на Словенија веќе собра 27 настапи, на кои постигна 11 гола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести