ДИК: Одѕивот до 18 часот е 47,61 отсто

Од:

Излезеноста на претседателските избори до 18 часот изнесува 47,61отсто, соопшти Државната изборна комисија.

До 18 часот до ДИК пристигнати се податоци за излезеност на гласачите од 1.200 избирачки места. Од вкупно запишани 612.850 гласачи на овие избирачки места, гласале 291.777.

Според податоците за излезеност кои што се пристигнати досега, најголема излезеност е забележана во Новаци со 71,07% додека најмала е излезеноста во Шуто Оризари, 22,06%. Гласањето досега се одвива мирно на сите избирачки места.

До ДИК досега се доставени вкупно 345 приговори за заштита на личното избирачко право. Од нив 98 приговори се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат своето право на глас, 36 приговори се отфрлени како неуредни а 46 приговори се одбиени. Останатите приговори се во обработка, соопшти ДИК.

Би можело да ве интересира

ДИК: Прегласување и разрешени избирачките одбори во избирачките места 1470/1, 1470, 1194, 1202, 1844, 1272 и 2101

Горан Наумовски

(ВИДЕО) ДИК ги соопшти освоените мандати за пратеници во новиот парламентарен состав

Горан Наумовски

Одбиена тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1202 во Крушево, Управен треба да одлучи уште по 4 од 7 тужби

Реакција на членови на ДИК: Неприфатливо е мешањето на политички партии и поединци од техничката Влада во изборните процедури

Катерина Ѓуровски

ВЛЕН: ДУИ е во паника, изјавите им се притисок врз Управниот суд

Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024