Струмица 47&72 триумфираше против Штип УГД и ја освои шампионската титула во одбојка

Доминацијата на Струмица 47&72 продолжува во домашното одбојкарско првенство, откако синоќа во Штип струмичани го совладаа Штип УГД со 1:3 во сетови за 15:25, 21:25, 25:21 и 17:25, за вкупно 3:1 во победи за екипата на Струмица, која ја осво 11-тата шампионска титула.

Во четвртиот меч кој се одигра синоќа во салата „Јордан Мијалков“ во Штип, екипата на Струмица беше подобра против новиот освојувач на Купот на Македонија, екипата на Штип УГД.

Конор Хенкс со вкупно 61 поен беше најефикасен кај Струмица 47&72 во четирите натпревари во низа, а кај Штип УГД Махди Задмар имаше 67 поени.

Синоќа во „Јордан Мијалков“ Хенкс постигна 17 поени, Офоха 15 поени, а пак кај Штип УГД Задмард имаше 23 поени, Абхар 15 поени, а Алексов 11 поени.

Од 2012-та година досега Струмица само трипати не беше освојувач на двојната круна, годинава поради Штип УГД кој го крена Куп-пехарот, со што направи најголем успех во градот Штип во кој било колективен спорт.

Старо новиот шампион Струмица се поклони пред штипската публика во „Јордан Мијалков“, а пак струмичани добија аплауз и спортски поздрав за новата титула во домашното првенство.

Александар Ванев, М-Нет