Англичаните згрозени, срамен гест за Антони кон играчите на Ковентри

Манчестер јунајтед сантиметри го делеа од пораз против второлигашот Ковентри во полуфиналето на ФА купот, спасот во финишот на продолжението дојде од ВАР, а Јунајтед дури на пенали го победи противникот, иако Црвените ѓаволи во регуларниот дел од мечот водеа со убедливи 3-0 и мораа многу порано да ја завршат работата.

По клучниот гол на Хојлунд во пенал-рулетот, на победата и пласманот во финалето се радуваа само тој и Антони. А, Бразилецот пред да почне да трча и да прославува, прво се сврте кон противниците и непристојно гестикулираше, нешто што не е согласно со спортскиот ферплеј, на што во Англија посветуваат големо внимание.

За разлика од Антони, кој славеше како да освоиле Лига на шампиони и потценувачки ги провоцираше колегите од Ковентри, други играчи на Јунајтед постапија џентлменски, останаа на центарот и заминаа да се поздрават со противничките играчи.

- Оглас -

Најнови вести