Од понеделник учениците се на пролетен распуст, наставата продолжува на 7 мај

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Основците и средните училишта од понеделник 29 април до 6 мај 2024 година ќе бидат на пролетен распуст. За прв пат има промена и во училишниот календар, па така 2023/2024 година за основците ќе заврши на 17 јуни, додека за средношколците, како и изминатите години, на 10 јуни.

Училиштата ќе бидат затворени и на 8 мај (среда), кога ќе се одржи вториот круг од претседателските и парламентарните избори во 2024 година. 

Ден претходно, вторник, 7 мај, оние училишта во кои ќе се организира гласање наредниот ден ќе имаат намалено работно време до 11:00 часот. 

Како што информира Министерството за образование и наука, наставата во двата неработни дена поради изборите, ќе се работи во работни денови со подолг престој на учениците во училиштата за да се реализираат дополнителните часови.