Top Sport

Ребиќ исфрлен од Бешикташ

Хрватскиот фудбалер Анте Ребиќ заврши со Бешикташ, откако тренерот и клупските челници донесоа одлука да го отсрни од тимот.

Светскиот вицешампион од Русија во 2018 година дојде во Истанбул од Милано како големо засилување на стартот од сезоната, но не успеа да се снајде.

Ребиќ одигра само 691 минута од почетокот на сезоната, постигна само еден гол и додаде пет асистенции.

Пред натпревар од турското првенство во кој Бешикташ се среќава со Газиантеп, Хрватот е исфрлен од тимот поради „предизвикување немир во тимот“, пишуваат медиумите во Турција.

Така престојот на Ребиќ во Истанбул практично заврши, иако 30-годишниот напаѓач има договор до јуни 2025 година.

Scroll to Top