ФОТО: Доктор Арбен Таравари му го врати ефридолот на Артан Груби

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На прославата на ВРЕДИ (ВЛЕН) во Тетово, Арбен Таравари се појави со Ефридол пред толпата, и му го врати на Артан Груби.

Оваа битка започна на 30 март кога Артан Груби порача дека има лек за смирување за албанската опозиција, и им го препорача токму ефридол. После првиот круг претседателски избори, Груби во изборниот штаб на ВРЕДИ донесе куфери, порачувајќи им на опозицијата да си замине.

Сега Таравари му го врати ефридолот на Груби. Таравари вечерва на социјалните мрежи напиша порака „Промените доаѓаат“.