ВМРО-ДПМНЕ ги утврди целосните кандидатски листи за пратеници

Според Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, ова се победнички листи и партијата се надева на поддршка од мнозинството од граѓаните

Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ / ФОТО: Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на партијата и актуелни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат носители на пратеничките листи за претстојните парламентарни избори. Редоследот на пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата се финализирани на денешната седница на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, ова се победнички листи и партијата се надева на поддршка од мнозинството од граѓаните.

„Ова се победнички пратенички листи, а при нивното составување се водеше сметка за гласот на народот, нивните барања и потреби. Ова се луѓе со кредибилитет. Искусни и енергични. Луѓе кои и требаат на Македонија, луѓе кои ќе се борат за решенија, за решавање на проблемите. Имаме тешка задача пред нас да ја кренеме Македонија и да ја вратиме надежта. Само заедно ќе успееме“,

изјави Муцунски.

Муцунски, во изјавата за медиумите по седницата, ги прочита сите кандидати, по 20 на секоја од шесте листи.

Прв на листата во „единицата“ е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Муцунски рече дека тука очекуваат „огромна поддршка и огромна победа“.

Листата во втората изборна единица ќе ја предводи, како што рече неговиот „колега и пријател Владо Мисајловски“.

Пратеникот Драган Ковачки е носител во третата изборна единица, потпретседателот на партијата Александар Николоски во четвртата, генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски во петтата, а во шестата е единствената жена-носител, пратеничката Дафина Стојановска.

Според Муцунски, овие избори се, како што рече, одлука за тоа каква Македонија сакаме.

„Нивната, таа на власта, затворена, омаловажена, криминализирана, или онаа Македонија каква народот ја сака, и за каква се бориме. Македонија со надеж, иднина и сигурност. Македонија која ќе биде повторно на народот, институциите ќе бидат функционални, системот ќе биде нормализиран. Народот бара и очекува одговорност, бара и очекува принципи и враќање на вредностите во политиката“,

рече Муцунски.

Целосните листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за парламентарните избори 2024 година:

ИЕ 1
1. Христијан Мицкоски
2. Гордана Кочовска Димитриевска
3. Коалиција
4. Синиша Стојановски
5. Бети Стаменковска
6. Тони Јаревски
7. Иван Живковски
8. Љупчо Пренџов
9. Марија Митева
10. Иванка Василевска
11. Коалиција
12. Велика Стојкова Серафимовска
13. Сергеј Попов
14. Јане Мицески
15. Бисера Златеска
16. Катерина Димитровска
17. Игор Никовски
18. Мартин Стојановски
19. Александра Николовска
20. Тодор Коневски

ИЕ 2
1. Владо Мисајловски
2. Жаклина Пешевска
3. Коалиција
4. Бобан Николовски
5. Бојан Стојановски
6. Каролина Насковска
7. Зоран Коцевски
8. Бране Петрушевски
9. Дијана Илиевска
10. Емилија Ангелова
11. Коалиција
12. Ерџан Демири
13. Весна Додевска
14. Зоран Бајовски
15. Ивица Димковски
16. Дени Милевски
17. Габи Калкова
18. Никола Стојковски
19. Мартина Ристовска
20. Валентина Петровска

ИЕ 3
1. Драган Ковачки
2. Никола Мицевски
3. Рашела Мизрахи
4. Игор Здравковски
5. Коалиција
6. Благица Ласовска
7. Миле Лефков
8. Даниела Христова
9. Марија Петрушевска
10. Душко Иванов
11. Александар Јамалов
12. Драгана Бојковска
13. Емил Спасовски
14. Драгана Арсова
15. Столе Кракутовски
16. Љупчо Спиров
17. Гордана Барбашка
18. Јорданчо Костадинов
19. Мартин Ефремовски
20. Анкица Анакиева

ИЕ 4
1. Александар Николоски
2. Антонијо Милошоски
3. Ели Панова
4. Дејан Проданоски
5. Зоран Јованчев
6. Ангелинка Петкова
7. Петар Ристески
8. Златко Пенков
9. Моника Ристеска
10. Јулија Тушева
11. Жан Дрвошанов
12. Петар Марков
13. Билјана Кузмановска
14. Весна Ѓорѓиева
15. Мито Андонов
16. Јадранка Поцкова
17. Наталија Димитриева
18. Гоце Дединец
19. Сашо Граороски
20. Никола Златески

ИЕ 5
1. Ѓорѓија Сајкоски
2.Олга Лозановска
3.Сашо Донев
4. Пеце Милевски
5. Јован Јаулески
6. Лидија Петковска
7. Мевмед Џафери
8.Кире Божиновски
9. Силвана Ангелевска
10. Грација Бакрачевска
11. Лазе Јакимовски
12. Ѓорѓи Влајкиновски
13. Благица Крстеска
14. Никола Дранговски
15. Леон Мерсовски
16. Менче Марковска Андреева
17. Билјана Стефановска
18. Жанета Петреска
19. Мартин Иваноски
20. Ѓорѓи Шопоски

ИЕ 6
1. Дафина Стојаноска
2. Александар Велјановски
3. Валентина Марчевска
4. Коалиција
5. Верица Апостоловска
6. Ванчо Милевски
7. Алишериф Синани
8. Анета Ќироска
9. Анита Бошкоска Јованоска
10. Мишо Маринковски
11. Бране Стојчевски
12. Верица Тофиловска
13. Ивана Савеска
14. Даниела Апостоловска
15. Деан Трпески
16. Марина Петровска
17. Горан Зафировски
18. Тања Сибиновска
19. Лилјана Спиревска
20. Александра Спироска

- Реклама -