19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНови отпуштања во Тесла

Нови отпуштања во Тесла

Производителот на електрични возила Тесла отпушти повеќе вработени во одделот за софтвер, сервис и инженерство, објави технолошката публикација Electrek, повикувајќи се на извори запознаени со ова прашање, пренесе Ројтерс.

Потегот доаѓа откако производителот на автомобили предводен од Илон Маск го распушти одделот за полнење електрични возила откако Тесла минатиот месец објави дека ја намалува глобалната работна сила за повеќе од 10%.

Вработените во Тесла добија е-пошта за време на викендот во која ги информираа за пошироките отпуштања.

Тесла, чии акции пораснаа за повеќе од 1%, не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар.

Компанијата минатиот месец објави дека ќе отпушти повеќе од 6.700 вработени на своите локации во Тексас, Калифорнија, Невада и Њујорк.

Тесла е под притисок од падот на продажбата и засилената ценовна војна меѓу производителите на автомобили бидејќи високите каматни стапки го забавија растот на продажбата на електрични возила.

Компанијата сака да се фокусира на софтвер за автономно возење, роботаксија и хуманоидниот робот Optimus, а Маск може да ги намали трошоците за одредени тимови за да ги зачува парите за тие проекти, велат аналитичарите.

Тесла минатиот месец откри дека очекува да забележи повеќе од 350 милиони долари трошоци за отпуштање во вториот квартал. Укинувањето на работните места го вклучи и егзодусот на врвните директори, вклучувајќи ги Дру Баглин, Рохан Пател, Ребека Тинучи и Даниел Хо.

Компанијата во април соопшти дека работи на „нови модели“ кои ќе ги користат нејзините сегашни платформи и производни линии“, потег кој се очекува да и овозможи подобра контрола на капиталните расходи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП