Криејќи се од повиците за мобилизација на Путин, млад Русин се преселил во шума

Адам Калинин/ Фото Инстаграм

Кога рускиот претседател Владимир Путин во септември објави делумна мобилизација за руските мажи, младиот Адам Калинин (лажно име поради безбедносни причини), одлучил дека најдобар начин да го избегне таквиот повик е да се пресели во шумата.

Компјутерскиот инженер кој уште од самиот почеток се противел на војната, поминал две недели во затвор бидејќи залепил постер на кој пишувало „Не за војната“ на ѕидот пред својот стан.

Кога руската влада одлучи да мобилизира 300 илјади војници, Калинин не сакал да ризикува и да замине на фронтот во Украина. Но, за разлика од другите стотици илјади Руси кои решија да ја напуштат земјата по таквиот повик, младиот Адам не сакал да ја напушти Русија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by А́dam Kalinin (@force_resistance)

Како три главни причини за тоа тој ги навел пријателите, финансиските трошоци и напуштајќи го сето тоа што го знае и сака.

„Заминувањето ќе беше чекор надвор од мојот комфорт“ раскажува тој за „Би-Би-Си“. „Не е баш комфортната зона која ме остави тука, туку психолошкиот апсект, ќе ми беше многу тешко да си заминам“.

Тој нашол друг начин како да ги избегне повиците на руската армија. Едно утро тој се збогувал со сопругата и се упатил кон шумата, каде живее веќе четири месеци. Закачил антена на дрво со која добил пристап до интернет, а користи соларни панели за струја.

Температурите во овие месеци во шумата се спуштиле и на -11 степени, а неговата сопруга често му носи храна. На овој начин, како што раскажувал тој, била најдобра опција да се избегне мобилизацијата. Доколку властите не му ја доделат поканата директно нему, тој не може да биде принуден да замине во војната.

„Ако физички не ми ја доделат поканата во моите раце и да ме одведат во нивните канцеларии, тогаш тоа е 99 % одбрана против мобилизацијата“ вели тој за британскиот медиум.

Калинин на некој начин продолжил да си го живее „обичниот живот“. Тој и натаму си ја работи работата по 8 часа дневно, иако делумно му е отежната бидејќи во зимскиот период порано се стемнува.

Како што тој раскажал за „Би-Би-Си“, голем дел од неговите колеги заминале во Казахстан, но благодарејќи на антената сѐ уште бил во контакт со нив.

Тој на неговиот канал на „Телеграм“ и на „Јутуб“ често дава нови информации за како го поминува своето време и што прави за да се справи со студот во шумата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот