Рускиот претседател Владимир Путин бара запирање на сите испораки на оружје за Украина за време на прекинот на огнот предложен од американскиот претседател Доналд Трамп.
Ова денеска го објави Блумберг, повикувајќи се на два неименувани извори во Москва.
Киев Индипендент пишува дека Кремљ сака целосната испорака на западно оружје да престане за време на прекинот на огнот, но дека приоритет на Русија е да обезбеди пауза во протокот на оружје од САД до Киев како „минимална цел“.
Трамп и Путин денеска телефонски треба да разговараат за завршување на војната во Украина, со главна цел Русија да прифати 30-дневен прекин на огнот за кој Киев веќе се согласи.