Со почетокот на новата година нашиот успешен интернационален модел замина за Милано каде ќе престојува до средината на март. Веднаш почна со ангажманите, а меѓу првите проекти што ги изработи е и новата кампања на добро познатиот бренд Теранова. Кампањата се изработи во Римини и Милано студиски како каталог.
-Букирана однапред за повеќе проекти, Караџова одлично се снајде во новата средина и очекуваме реализација на истите. Нејзината успешна кариера започна кога во 2016 година стана „Лице на годината“ (Look of the Year) за Македонија. Имаме големи очекувања за Ивана, бидејќи докажа дека припаѓа на светскиот „моделинг“ – велат од нејзината матична агенција Моделс Ин Менаџмент.
Нема коментари