Јанчев од Левица: Македонија повеќе нема луксуз да се движи по овој поданички пат!

Од:

Носителот на листа од Левица во ИЕ 4, Сашко Јанчев, во своето обраќање до граѓаните, стави акцент на поданичките политики на СДС и ДПМНЕ, кои ја доведоа Македонија во ситуација да повеќе го нема луксузот да се движи по досегашната траекторија.

„Македонија не смее да ги бира оние кои веќе 30 години се директни виновници за ова дереџе во кое се наоѓа државата! Македонија нема луксуз да ги гласа истите, а да очекува промена! Нема што повеќе да зборуваме за СДС на нашата земја. Со Заев и после него, СДС се претвори во историски најантимакедонската организација која некогаш постоела!”, истакна Јанчев.

Според Јанчев, секоја партија која го гази интересот на својот народ за интерес на амбасадите, на крајот завршува отфрлена и од амбасадите и од својот народ.

,,СДС им се лижеа на амбасадите, а сега истите тие амбасади им го формираа ЗНАМ за да ги преполови!

Во ВМРО-ДПМНЕ, пак, во кое ни В нема од ВМРО, повторно зборуваат за национално обединување. Јас 30 години слушам како тие нè обединуваат, но, искрено, јас воопшто не се чувствувам обединето. Напротив, се чувствувам предадено!

Се чувствував предадено и кога гласаа за амнестија на Хашките случаи. За амнестијата гласаше и носителот на ИЕ4, Александар Николовски.

Се чувствував предадено кога позајмија 8 пратеника за промена на името, а наместо на протест, Мицковски беше на прошетка во Битола.

Се чувствував предадено кога Мицковски му рече на Борисов дека ,ште го поткрепи’ Договорот за добрососедство со Бугарија!”, додава Јанчев.

На крајот од своето излагање, Носителот на ИЕ4 повика, Сашко Јанчев, порача:

,,Затоа, не го ситнете отпорот! Не го трошете бадијала гласот! Дајте го на Левица, за да има што повеќе пратеници во Собрание кои се на страната на народот!

Ќе победиме!”

Би можело да ве интересира

Левица: Изборниот систем сите нас нè краде, ние сме ускратени за најмалку два мандати

Апасиев: Некои битки мора да ги водиме повеќе од еднаш, за да можеме да победиме

Течат роковите за приговори за изборите и инаугурација на новата претседателка

Димитриевски: Потврдивме минимум пратеничка група, ќе бидеме со граѓаните и ќе работиме за нив

Орце Костов

Број на пратеници: ВМРО-ДПМНЕ 59, ДУИ 19, СДСМ 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5

Орце Костов

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

Орце Костов