Поврзете се со нас

Шпанија

Депај: Барселона не беше коректна со Куман

Објавено

на

Мемфис Депај во јануари ја напушти Барселона, а за холандските медиуми истакнал дека е разочаран од односот кој клубот го имал со поранешниот тренер Роналд Куман.

Актуелниот холандски селектор има одлична соработка со Депај, но не успеа долго да се задржи на клупата на Барселона.

– Начинот на кој Барселона го третираше Куман не беше коректен.

– Тој е врвен тренер и фантастичен човек, сигурно не заслужи такво нешто, – изјавил Депај, кој сега е член на Атлетико Мадрид.

– Секако дека за мене беше разочарување тоа што морав да заминам од Барселона. Но, во фудбалот се случуваат такви работи, мора да продолжиш напред, а сега се чувствувам одлично во Атлетико, – рекол Депај.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни