Вселенски отпад ја оштети кинеската вселенска станица

- Advertisement -

Откако беше оштетена од удар на вселенски отпад, астронаути во текот на две вселенски прошетки успеаја да ја поправат кинеската вселенска станица Tiangong.
Астронаутите од мисијата Shenzhou 17 направија две вселенски прошетки надвор од вселенската станица Tiangong во изминатиот период, а втората од нив се случи на 1 март. Кинеските медиуми соопштија дека дошло до помало и делумно напојување со енергија откако се појавиле пукнатини на соларните панели на станицата.

Двете вселенски прошетки биле успешни, потврди кинеската вселенска агенција CMSA иизминатава недела, а сега се прават планови за развој на одбрана од вселенски отпад во орбитата. Главниот модул на станицата доживеал делумен прекин на напојувањето со енергија поради судирот со вселенскиот отпад.

- Advertisement -

Засега не е познато дали станицата се судрила со микрометеори или вселенски отпад кој го создал човекот. Количината на вселенски отпад која настанала од човечки активности во вселената постојано се зголемува. Американски NORAD (North American Aerospace Defense Command) следи над 43.000 објекти во вселената. Кога станува збор за активни сателити, во мај 2023 година имало над 7.500, а најголем дел од нив припаѓаат на Илон Маск.

Контролорите на Меѓународната вселенска станица во соработка со NORAD морале да ја отстранат станицата од патот на вселенскиот отпад повеќе од 30 пати откако биле лансирани првите модули во 1998 година. Правилата се строги, а маневрите мора да се направат ако вселснскиот отпад влезе во подрачје со големина од 4 x 50 x 5 километри од центарот на станицата.

- Advertisement -

Кинеската станица, исто така, направила неколку маневри од истата причина, се сега размислуваат за мерки за да се спречат проблемите во иднина. Првиот модул на станицата Tiangong, наречен Tianhe, беше лансиран во 2021 година.

Кинезите тврдат дека имаат можност за прецизно предвидување на орбитата и дека ги оптимизирале процедурите за предупредување на судар во вселената, како и дека го намалиле процентот на лажни аларми за 30%.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: NASA)

Сподели!
- Advertisement -