Фото: SpaceX

Неколку месеци по претходното, второто тест лансирање на Starship, од SpaceX во текот на вчерашниот ден го направија третото тест лансирање. За разлика од претходните, ова лансирање помина многу поуспешно и издржа за првпат до орбитата на Земјата, но за жал слетувањата не беа успешно изведени.

Лансирањето започна вчера, 14 март, во 14:25 часот по македонско време, односно 8:25 часот по локално време од Starbase во Тексас, САД. Исто како и минатиот пат, Starship леталото беше лансирано на огромната Super Heavy ракета која има 33 Raptor мотори.

Претходниот тест заврши со уништување на ракетата и леталото уште во процесот на нивното одвојување, но овој пат тоа не се случи. Super Heavy успешно со своите 33 мотори го носеше Starship кон орбитата на Земјата, а одвојувањето беше направено успешно.

За време на одвојувањето Super Heavy ги исклучува повеќето од своите мотори, па продолжува да функционира само со три, кои после одреден период исто така се гасат.

Во оваа фаза Starship ги вклучува своите шест мотори кои продолжуваат да го носат леталото до орбитата на Земјата, а во иднина и подалеку.

Двете летала, односно ракетата и Starship, се замислени да се користат повеќе пати, исто како и другите летала од SpaceX. Тоа значи дека тие треба да слетаат назад на Земјата, а за тоа е потребен доста сложен систем кој и претходно му требаа повеќе обиди за да почне успешно да се користи.

Super Heavy не успеа да слета, па на само неколку километри од Земјата, неуспешно се вклучија моторите, односно само неколку од потребните 13, по што беше изгубен контактот со ракетата.

Во случајот на Starship истото се случи на поголема висина, но не пред леталото да ги направи потребните тестови.

Следењето на леталата, како и добивањето на потребните информации од тестот беше возможно поради континуираната поврзаност со Starlink сателитите од SpaceX.

Снимката од тест лансирањето можете да ја погледнете во продолжение.

ИЗВОРSpaceX
Претходна статијаWhatsApp ќе почне да ги блокира сликите од екранот кои се прават на профилната слика од корисникот
Следна статијаИзбрани најдобрите во македонската е-трговија за 2023 година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.