23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Новаковски: Државата создаде услови за фер и демократски избори и тоа никој не може да го негира

„Државата создаде услови за едни фер и демократски избори тоа неспорно и тоа не може никој да го негира, можеби како никогаш до сега, гледаме дека сите можат да ги искажат своите кампањи и своите мислења и своите ставови и кој прати повеќе и ТВ и медиуми значи нема никаква ограничување во однос на искажување на своите ставови“ рече Александар Новаковски, кој претседаваше со работната група за реформи во изборното законодавство на конференцијата „#МКвоЕУ: Предизвици и перспективи“ организирана од Цивил.

Тој додаде дека изборите ќе бидат демократски, но додаде дека можно е излезеноста на изборите да биде слаба.

Во врска со изборниот молк во вторник, ден пред претседателските избори, кој ќе важи само за нив, но не и за парламентарните избори, Новаковски рече дека тоа е небулоза.

„Сите држави се борат за цензусот, за зголемување на цензусот ради легитимитет на изборниот процес и на органите кои се бираат. За жал не дојдовме до таа фаза да може да биде гласањето и преку пошта, барем како прв чекор ако не сме спремни за електронско гласање, но и тоа не го отвори никој и затоа еве гледаме и од Дијаспората како е мала излезеноста и колку се пријавени“ рече Новаковски.