Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Гвардиола објасни зошто беа заменети Халанд и Де Брујне: Не планирав…

Објавено

на

foto:twitter.com/CBSSportsGolazo

Манчестер Сити останува без трофејот во Лигата на шампионите, односно на нивниот пат застана Реал Мадрид кој успеа да го издржи пеколот на „Итихад“ и потоа на пенали да слави со 4-3 и обезбеди пласман во полуфиналето на елитното натпреварување.

„Граѓаните“ ќе имаат за што да жалат со оглед на доминацијата и упатените удари кон голот на противникот, меѓутоа во вакви натпревари решаваат детали, моменти, ситуации кога мора да се реши, матира противникот,

Тоа Сити не го направи кога можеше, па на крајот се се сведе на удари од 11 метри. Во таа серија Пеп Гвардиола ги немаше на располагања двајцата најдобри играчи кога е во прашање офанзивата, Ерлинг Халанд и Кевин Де Брујне кои претходно ја напуштија играта.

Запрашан за тој дел Гвардиола откри дека Норвежанецот и Белгиецот сами побарале да бидат повлечени од игра.

-Халанд и Де Брујне побараа да бидат заменети. Не можеа да продолжат. Во играта беа неверојатни. Не планирав да направам многу замени, но ме замолија да излезат бидејќи не можеа да продолжат, -обелодени Шпанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни