„Не е Новицки…, Јокиќ е најдобриот странец во историјата на НБА“

Легендата на НБА, Чарлс Баркли никогаш не крие дека е воодушевен од најдобриот српски центар Никола Јокиќ.

Се очекува Јокиќ наското по третпат да биде прогласен за МВП на НБА лигата. А, Баркли вели дека е сето тоа заслужено за најдобриот странец во историјата на НБА.

Долго се сметаше дека Дирк Новицки е најдобриот стренец во НБА, но Баркли не мисли така.

„Додека не дојде Јокиќ, точно е дека Дирк беше најдобар странец во историјата на НБА. Но, мислам дека Денвер повторно ќе ја освои титулата. Претходната ноќ имаше 24 поени, 15 скока и девет асистенции, а сето тоа стана така нормално за него“ – вели Баркли.

Новицки, кој ѕвездените моменти ги доживеа со Далас, има една титула и едно МВП признание во НБА.

Се вчитува...