Македонија парламентарни избори 2024

Вистинско фијаско на Данела Арсовска и нејзината партија: Во ИЕ1 освои само 1.571, а на територија на цела Македонија само 3.438 гласа

Градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска и нејзината партија Нова Алтернатива, а воедно и носителка во Изборната единица 1, доживеа тешко фијаско на вчерашните парламентарни избори.

Имено, Арсовска во Изборната единица 1 каде што ја предводеше и листата на Нова Алтернатива осво ини помалку, ни повеќе туку само 1.571 гласа или во проценти само 0,85%, што претставува вистински дебакл.

Инаку, Нова Алтернатива на вчерашните парламентарни избори на цела територија на Македонија вкупно освои само 3.438, или за партијата на Арсовска гласале само 0,34%.

За споредба, на локалните избори во 2021 година, кога Арсовска која тогаш беше поддржана од ВМРО-ДПМНЕ го победи Петре Шилегов во трката за скопски градоначалник, па во првиот круг освои 86.698, а во вториот 118.749 гласови.

На вчерашните двојни избори во Македонија убедлив победник е ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, со вкупен број 58 освоени пратенички мандати, како и победата со огромна разлика во трката за претседател на државата Гордана Силјановска Давкова.

Најнови вести од Македонија

To top