ИНДЕКС – портал за знаење
Човековото тело

Колку калории на ден ни се потребни?

Потребното дневно количеството енергија која ја добиваме преку храната зависи од годините,од тоа колку сме големи и кој пол сме.

Децата на возраст од 6 до 9 години имаат потреба од 2000 калории дневно за да го одржуваат телото здраво. До 12-тата година телото бара до 2300 калории. Момчињата од 13 до 15 години имаат потреба од 3000 калории дневно, а девојчињата на таа возраст само 2300. По таа возраст, бројот на потребните калории обично се намалува.

Околу 35-тата година мажот има потреба од околу 2600 калории,додека жената околу 2000 калории на ден.

До 65-тата година,жената има потреба од само 1600 калории што е еднакво на дневните потреби на едно 4 годишно дете!

Во оваа категорија