Божицата ѝ дозволи на Салернитана да се порадува, ама само едно полувреме

Аталанта со пресврт ја победи Салернитана со 2-1, и продолжи да патува кон Лигата на шампионите, бидејќи со оваа победа, Божицата од Бергамо е петта на табелата во Серија А и тоа со еден меч помалку од шестопласираната Рома.

Од Италија, првите пет ќе играат во ЛШ следната сезона, а ако Аталанта ја освои Лига Европа и биде четврта или петта во Серија А, тогаш и за шестиот ќе има место во елитното натпреварување.

Салернитана е веќе испадната, има само две победи, а денеска водеше со 1-0 по првото полувреме. Сепак, гостите од северот на Италија не сакаа да му го расипат јубилејот на тренерот Џанпјеро Гасперини, кој по 300-ти пат ја водеше Аталанта.

Скамака и Копмајнерс во 57-ма односно 63-та минута дадоа голови за пресврт и победа, па Аталанта во позитивно расположение влегува во реванш дуелот со Марсеј од Лига Европа в четврток, првиот меч во Франција заврши нерешено 1-1.

Копмајнерс постигна убав гол со шут од далечина и ова е негов 12-ти гол сезонава. Ваква ефикасност од холандски фудбалер во Серија А не е виден 29 сезони, кога славниот Руд Гулит истотака постигна 12 голови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести