ТЕРА

REKLAMA???

ПЕТРОВ: МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ЕВРОПСКА ДРЖАВА ЗА БРЗО ВРЕМЕ

„На државата не и требаат црвени линии туку тие треба да се избришат, з да може да се интегрира. Во реалноста се соочувате со проблеми на луѓето, а тие не бараат црвени линии, тие бараат решение за нивните проблеми. СДСМ е партија која има добар потенцијал и коалиционен потенцијал со кој може да ги апсорбира голем дел од нивните ставови и барања,и да ги артикулира во заедничка влада кој аможе да ја постигне. И нема европска влада која за брзо време ќе ја внесе државата во ЕУ без СДСМ. Бидејќи најголем дел од процесите беа направени, за некои сме фалени, а за некои кудени. Она што е важно за државата е дека ние можеме да направиме микро план, од овде до онде, за улички, ама ако ја утнеме главната магистрала, а тоа е ЕУ, ништо не правиме. За да дојдеме до подобра борба против корупција, подобар живот, подобра администрација, подобри услови за граѓаните, сето то аможеме да го направиме , но полесно ќе биде ако бидеме дел од европското семејство. Македонија ќе биде европска држава за брзо време,“рече Андреј Петров член на ИО на СДСМ, на Топ Тема на ТВ Телма.