ВИДЕО Лудило во Мексико: Голман му го сврте грбот на Рамос при пенал, а потоа чудо на Тигрес

Тигрес синоќа го победи Монтереј по пресвртот во дербито од 15. коло на мексиканската Клаусура, а натпреварот го одбележаа нереални сцени на пеналот на Серхио Рамос.

Немаше голови во првото полувреме на натпреварот меѓу Тигрес и Монтереј, но во вториот дел гледавме вистински спектакл. Веќе на стартот од вториот дел Тигрес остана со играч помалку кога Лаинез доби втор жолт, односно црвен картон, а гостите успеаја да добијат пенал.

Искусниот Серхио Рамос ја смести топката на белата точка, но поранешниот играч на Реал Мадрид немаше поим како противничкиот голман ќе се обиде да го збуни и да го промаши пеналот. Нахуел Гузман на секој начин се обиде да го збуни Рамос, па дури и му сврте грб на гостинскиот играч пред да го изведе пеналот.

А, Рамос реши да одговори и му покажа на Гузман дека ќе изведе паненка, но тоа не се случи. Рамос успеа да постигне гол за 0:1, а неверојатните сцени кои се случија пред да го изведе пеналот се главна тема на социјалните мрежи.

Се започна со тоа што гостите загубија двајца играчи за само пет минути. Најпрвин Бертерам доби директен црвен картон во 73. минута, а истата судбина го снајде и Торес пет минути подоцна.

Тигрес го искористи тоа и направи пресврт на натпреварот. Најпрвин во 89. минута Кордова успеа да израмни на 1:1, а потоа во 95. минута се случи тотална „експлозија“ од одушевување на трибините кога Тигрес погоди за 2:1.

Се вчитува...