Во поплавите во Бразил загинаа осум лица, а 21 се исчезнати

Осум лица загинаа, а 21 се водат како исчезнати во поплавите предизвикани од обилните дождови во државата Рио Гранде до Сул во јужен Бразил.

Над 1.400 жители се раселени поради невремето што доведе до пораст на нивото на водата и поплави во 104 општини, пренесува Ројтерс.

Гувернерот Едуардо Леите изјави дека државата работи на пронаоѓање на исчезнати лица и за обезбедување на безбедноста на оние во загрозените области.

Текстот Во поплавите во Бразил загинаа осум лица, а 21 се исчезнати е превземен од МАКФАКС.