Хаос во Ерменија: На протестот за разграничување со Азербејџан приведени 100 луѓе

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Ерменската полиција приведе до 100 демонстранти кои го блокираа сообраќајот во Ереван поради договорот на ерменскиот премиер Никол Пашинјан да отстапи неколку погранични области на соседен Азербејџан.

Полицијата насилно ги растера демонстрантите кои го блокираа сообраќајот во центарот на градот, откако тие одбија наредба да се разотидат, пренесува Ројтерс.

На состанокот на претставниците на Баку и Ереван на 19 април беше постигнат прелиминарен договор за демаркација во близина на осум погранични села.

Во вторник беше поставен првиот граничен премин на границата меѓу Азербејџан и Ерменија, согласно договорите за определување на државната граница.

Преминот е поставен како дел од работата за дефинирање на координатите врз основа на геодетски мерења на површината, пренесува агенцијата Азертас, повикувајќи се на службата на вицепремиерот на Азербејџан, Шахин Мустафајев.