• Fri. May 17th, 2024

Уапсени двајца струмичани, едниот доброволно ја предал дрогата на полицијата

ByЃ. K.

Apr 19, 2024

На 18.04.2024 во 19.30 часот на место викано „Цареви кули“ во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода А.С.(34) и В.С.(35), двајцата од село Василево, струмичко. При преглед над нив, кај А.С. била пронајдена марихуана. Во службен разговор во Полициската станица Струмица А.С. признал дека во домот поседува и друга количина, која потоа доброволно ја предал на полициските службеници.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

By Ѓ. K.