27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКакаото достигна 10.000 долари! Сега е сигурно, цените на чоколадото ќе растат

Какаото достигна 10.000 долари! Сега е сигурно, цените на чоколадото ќе растат

Оваа недела какаото достигна цена од 10.000 долари за тон на берзите во Лондон и Њујорк, што е највисока во историјата, а рекордното покачување на цената може да влијае и на цените на чоколадото.

Во Западна Африка, клучната област за производство на какао, забележана е трета последователна лоша жетва, пишува Гардијан.

Гана и Брегот на Слоновата Коска, земји кои заедно произведуваат повеќе од половина од глобалниот род на какао, се погодени од екстремни временски услови кои дополнително се влошија од климатската криза и феноменот Ел Нињо.

Ситуацијата дополнително се влошува поради болестите на земјоделските култури кај западноафриканските лозари и недоволното инвестирање во старите насади.

Производителите на чоколади се соочуваат со проблеми со снабдувањето, а многумина предупредуваат дека ќе мора да ги зголемат цените на своите производи или да ја намалат амбалажата.

Портпаролот на компанијата Нестле најави дека може да ги зголеми цените на своите производи бидејќи какаото денес е три пати поскапо отколку пред една година.

Какаото, заедно со кафето, чајот и бананите, се едни од главните производи во домаќинството загрозени од глобалното затоплување.

Истражувачите се обидуваат да најдат диви сорти кои се поотпорни на топлина и суша и способни да издржат поекстремни услови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП