Во март е забележан голем пад на продажбата на електрични автомобили во ЕУ

од Vladimir Zorba

Регистрациите на нови автомобили во ЕУ паднале за 5,2 отсто во март годинава во однос на истиот месец лани, со 1.031.875 примероци. Продажбата на електрични возила е намалена за 11,3 отсто (продадени се 134.397 единици), додека уште потешко е погодена продажбата на возила со бензин и дизел.

Со ова уделот на електричните автомобили на вкупниот пазар изнесува 13 отсто, што е помалку од 13,9 отсто удел кој беше во март минатата година.

Учеството на автомобилите на бензин во мартовската продажба е 35,4 отсто (минатиот март 37,4 отсто), додека продажбата на дизел сочинува 12,4 отсто (минатиот март 14,4 отсто) од вкупните регистрации.

Од друга страна, хибридните регистрации се зголемија за 12,6 отсто, зголемувајќи го нивниот удел на пазарот од 24,4 отсто во март 2023 година на 29 отсто во март 2024 година.

Конечно, Plug-in хибридите (PHEV) имаа 6,5 отсто помала продажба во март и нивниот пазарен удел е 7,1 отсто.

Слични содржини