Во прв ред

Три дена бесплатно вино за сите посетители на „Новогодишна бајка“ во паркот Авионче

Од вчера 25-ти декември па до 27-ми декември, скопски Аеродром ќе оживее со радост и магија во паркот Авионче во Аеродром, каде што „Новогодишна Бајка“ ќе биде неопходна дестинација за сите љубители на добрата забава и предновогодишниот дух.

Фестивалот на вино, вода и храна обвиткан во празнична новогодишна тематика, ќе им понуди на скопјани дополнителна бесплатна забава во предвечерието на Нова Година на кој ќе настапат: Ивона Јо, Ламбе Алабаковски, Тамара Волчевска, Кате Нели ти реков и Ѓоко Ѓорчев, Куку Леле, Тони Андреев, Таско и Тони Зен.

Гест за поздрав е потегот на винаријата Парагон, која по повод новогодишните празници на сите посетители на настанот во сите три дена ќе им обезбеди бесплатно вино.

Освен музички репертоар, посетителите настанот „Новогодишна Бајка“ ќе имаат можност да уживаат и во различни производи на базарот, каде што ќе бидат достапни рачно изработени ракотворби, вина, вкусна храна и други креативни производи. Дополнително, и за најмладите, ќе има и низа забавни активности со омилените маскоти од цртаните филмови, како и специјален гостин – Дедо Мраз!

Не пропуштајте шанса да ја завршите оваа 2023 година со магично искуство на „Новогодишна Бајка“ во паркот Авионче. Придружете се заедно со Вашите пријатели и да ги исполниме сите три дена со радост, смеа и добра забава.

Настанот е финансиран од Град Скопје, а е дел од богатата културна понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028, а дополнително е финансиски поддржан и од Општина Аеродром.

Можеби ќе ве интересира: