Колку ВМРО-ДПМНЕ се грижи за енергетиката покажува фактот што оваа партија блокираше поволен заем од 100 милиони евра од ЕБОР за поддршка на енергетските капацитети во време на светска економомска и енергетска криза – одговара СДСМ на прес-конференцијта на ВМРО-ДПМНЕ на која оваа партија обвини дека РЕК Битола склучил договор за ископ на јаглен за 20 милиони евра со фирма која била единствен понудувач и за сума за 7 милиони евра повисока од ланската.

ВМРО-ДПМНЕ не може да престане со лагите и манипулациите кои ги пласира на штета на интересите на граѓаните и на штета на македонскиот енергетски систем. Договорот што ВМРО-ДПМНЕ денеска го спомнува се однесува на период од 18 месеци, односно ќе се покрива ископот на јаглен во текот на грејната сезона 2022/2023 и следната грејна сеозна, 2023/2024. Како што јавно објави и АД ЕСМ, сето тоа е со цел да не се случи завршување на Договорот во текот на грејна сезона.

На ВМРО-ДПМНЕ воопшто не им е битна енергетиката, за време на 11 години владеење на оваа партија, цената на струјата се зголеми за 100 отсто, а не беше изграден ниту еден нов енергетски капацитет во државата. Затоа денес оваа партија нема кредибилитет да зборува за енергетика“ – се вели во реакцијата на СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.