Поврзете се со нас

Англија

Наместо во Милан, Лопетеги си договори нов ангажман во Премиер лигата

Објавено

на

Foto:twitter.com/Wolves

Хулен Лопетеги беше во напредни преговори со Милан и го делеше само потпис од парафирање на договорот, но откако навивачите на клубот отпочнаа кампања за прекина на зделката, беше јасно дека Шпанецот нема да добие шанса на „Сан Сиро“.

Раководните структури брзо повлекоа и ставија крај на преговорите, а тоа му го отвори патот на Вест Хем кој во краток временски интервал постигна преддоговор со поранешниот шпански селектор и тренер на Реал Мадрид.

Најугледните англиски медиуми ова попладне ексклузивно откриваат дека Лопетеги си дал збор со водечките луѓе на Вест Хем и се согласил да биде новиот менаџер на „чеканите“, односно наследник на Дејвид Мојс.

Вест Хем преговараше со Рубен Аморим и се чинеше дека Португалецот ќе биде идниот тренер на тимот од Лондон, но на крајот конечниот избор паднал на Лопетеги кој остана слободен по пропаднатата операција со „росонерите“.

Лопетеги има работно искуство во Премиер лигата и минатата сезона го водеше Вулверхемптон, па според угледниот „Би-Би-Си“, се чека само крај на сезоната за да биде официјално потврден како наследник на искусниот Мојс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни