Press "Enter" to skip to content

Поклонение пред бистата на Гоце Делчев во сиднејското предградие Рогдаел (фото)

По повод 121. годишнина од смрта на идеологот, организаторот и предводникот на македонското национално ослободително движење Гоце Делчев, и сите оние кои ги положија своите животи на олтарот на слободата за својата македонска земја.

На 4 мај 2024 година, на Велика Сабота, ден пред Христовото Воскресение Велигден, во организација на Македонската Православна Црковната Општина „Св. Петка“ во сиднејското предградие Рогдаел, се одржа панахида за Гоце Делчев но и за сите војводи, комити, партизани, знаени и незнаени синови и керки кои ги дадоа своите животи за ослободување на Македонската земја.Панахидата беше одржана после богослужбата на Велика Сабота од парохискиот свештеник отец Владо Недески, кој потоа ги поздрави присутните, градоначалникот на општината “Бајсајд” македонецот Бил Сарафиновски, членот на советот на општината г-дин Пол Седрак, д-р. Васил Тулевски истакнат активист во македонската заедница од поодминатата генерација.На самиот почеток Маја Наумовска ја отпеа македонската химна, а потоа Кире Циревски прочита краток но содржаен реферат за животот и делото на војводата Гоце Делчев.-Токму денеска се навршуваат 121 години од неговата смрт, а ние се собравме овде пред неговата биста да му се поклониме и му одадеме должно признание и го закитиме со букети цвеќе ликот на големиот син на Македонија, а за некои последните 2-3 години великанот Гоце Делчев е предмет за распродажба заедно со неговото големо дело кое го направил за време на неговиот краток живот, ќе рече Циревски.На присутните им се обрати и градоначалникот на Општината Бајсајд, Бил Сарафиновски кој по потекло е Македонец и е прв избран градоначалник во цела Австралија со македонско потекло.Потоа беа прочитани песни од познати поети посветени на идеологот, организаторот и предводникот на македонското национално ослободително движење Гоце Делчев. Читаа Даниела Недеска, Кристина Санчевска и Александар Младеновски.

Исто така со своја поезија посветена на Гоце Делчев настапија поети од Литературното друштво “Григор Прличев”: Иван Трпоски, Марија Александрова, Спасија Огненовска и Васил Тулевски.Пред бистата на војводата Гоце Делчев присутните се поклонија, и положија венци и свежо цвеќе. Во името на МПЦО “Св. Петка” положи претседателот Борис Димчевски, МКУД “Илинден” претседателот Крис Каранфиловски, Македонското пензионерско друштво од Рокдајл, Спасија Огненовска, а во името на Литературното друштво “Григор Прличев”, Иван Трпоски, Марија Александрова, Спасија Огненовска, д-р Васил Тулевски и Тоде Мицковски.

Кире Циревски

More from ДијаспораMore posts in Дијаспора »