Утрински Весник
Магазин

Еве во кое време од денот се раѓаат најмногу бебиња

677z381 Porodiliste Uns.jpg
300x250 (7)

Студијата објавена во списанието Plos one анализираше повеќе од пет милиони раѓања помеѓу 2004 и 2015 година и покажа дека 28,5 отсто од бебињата се родени помеѓу 9 и 16:50 во работните денови, додека 71,5 отсто од раѓањата се случиле за време на викендите или празниците помеѓу 17:00 и 08:59 часот.

Однапред договорените раѓања со царски рез сочинуваат 9,2 отсто од раѓањата и најмногу се случуваат во работните денови помеѓу 9 и 11:59 часот.

Img 5587

Индуцираните раѓања, кои сочинуваат повеќе од една петтина од сите раѓања, се поверојатни околу полноќ во вторник и сабота, како и во деновите пред државните празници. Најмалку раѓања се забележани за време на државни празници.

-Моето долгогодишно искуство покажа дека пораѓањата без интервенции најчесто се случуваат во ноќните часови или во раните утрински часови. Можеби е дел од нашето еволутивно наследство. Нашите предци живееле во групи кои биле активни преку ден, а одмарале ноќе. Затоа, ноќните породувања веројатно им пружиле одредена заштита на мајката и на новороденчето – вели главниот автор на студијата, др. Питер Мартин.

Ss1

Можете да прочитате

Ова се работите кои привлекуваат лоша среќа во вашиот дом

Швеѓанец возел Тесла и заспал, му требале 40 км за да се разбуди

Светските богаташи даваат 465.000 евра на „ултра ексклузивни“ пакети за Олимпијадата во Париз