Вести Македонија Топ вести

Лефков до Мадиќ во Топ Тема: Поднесете кривична пријава против Мерко и замолница за доказите до САД, „Ја доведувате јавноста во заблуда“, возврати таа

Дополнетата „црна листа“ на САД ги скара партиите? Кој е одговорен за неносењето на Законот за рестриктивни мерки? Дали тој е воопшто инструмент за битка со корупцијата? Дали политички одлуки на трети држави може да бидат основ за правни процеси дома?

Во Топ Тема вечерва дебата со Викторија Аврамовска Мадиќ, заменик – министер за правда и Миле Лефков, пратеник на ВМРО – ДПМНЕ.

  • Членот 16 од Законот за меѓународна соработка во кривична материја, Вам како Министерство за правда ви дозволува со замолница да се обратите до надлежна институција во Вашингтон и да ви достават списи, информации и материјални докази за одредени истраги. Членот 35 предвидува дека нашиот обвинител заедно со странска држава може да има заеднички истражен тим. Членот 39 предвидува дека оние постапки кои се завршени кај надлежен орган можат да бидат изедначени во кривична постапка кај нас. Добро го познавате и Кривичниот законот и членот 273 став 1 во кој се вели “Секој орган кој што дознал за кривично дело може да го пријави“. Па Ве охрабрувам да поднесете поднесете кривична пријава против Мерко и да доставите замолница за да ви се достават списите, рече Миле Лефков, пратеник на ВМРО – ДПМНЕ.

На ова Мадиќ му возврати дека ја доведува јавноста во заблуда, бидејќи во случајот со „црната листа“ кога сторителот е овде кај нас, а доказите се во странска држава, тие докази произлегуваат од овде и нашето обвинителство треба да ги бара.

  • Постапката не е така за лицата кои се наоѓаат на „црната листа“, затоа има потреба од носењето на Законот за рестриктивни мерки. Министерството за правда не поднесува кривична пријава доколку нема основни сознанија и доказен материјал или по допрен грал. Правите заблуда во јавноста. Никој не знае за лицата кои се ставени на „црна листа“ за кое дело и што направил таму или за какво основно сомневање кај нас  одредени истражни органи кај нив ги собрале предметите. Затоа бараме да покренуваме иницијативи од обвинителството со цело основно сомневање и основите да ги собере и да покрене постапка. Во моментов ние имаме одлични органи, Јавното обвинителство, обвинителството за организиран криминал и за сите тие за коишто има доказен материјал или допрен глас може да се покренат обвинителен акт. Ние како извршна власт и Министерството за правда во рамки на надлежностите изготвува закон со којшто органите за прогон ќе можат да го направат тоа, објасни Викторија Аврамовска Мадиќ, заменик – министер за правда.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Силјановска: По политичкиот земјотрес на 24 април, очекувам политички вулкан на 8 мај

Дејан Дејан

Герасимовски: Дебар Маало го прослави роденденот на најпознатиот центарец Горан Стефановски

Дејан Дејан

Ахмети: Куќа не се одржува со кредити, ние си обезбедуваме леб со работа, тие што така мислат го видоа резултатот на 24 април

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе