„На 8 мај СДСМ е двоен победник. Вечерва СДСМ го оддржа 28 Конгрес на кој беа донесени низа одлуки и беше претставена Изборната програма“ напиша носителот на листата за Изборната единица 2 од СДСМ, Оливер Спасовски синоќа на социјалните мрежи.

Тој упати благодарност до граѓаните за поддршката, како и претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски за укажаната доверба.

„Заедно да ја оствариме визијата за европска Македонија! Нема откажување од иднината“ напиша Спасовски кој во ИЕ2 ќе биде коносител заедно со Фатмир Битиќи.