Ќе ја афирмирам потребата од повеќе жени на клучните функции, порача Силјaновска-Давкова од Кавадарци

Кандидатката за преседател на државата поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, во дел од нејзиното обраќање се осврна и на, како што кажа, црната кампања на нивните политички противници, проблем, кој рече е фројдовски и „зборува за нив, не за нас“ 

Ќе ја афримирам потребата од што повеќе жени на клучните функции во државата, не само во одбраната и безбедноста туку насекаде, порача кандитатката за претседател на државата поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска- Давкова, во своето обраќање пред присутните членови и симпатизари на вечерашниот предизборен митинг во Кавадарци на третиот ден од кампањата за првиот круг на претседателските избори, закажан за 24 април.

Кандидатката за претседател на државата поддржана од ВМРО-ДПМНЕ говори на митингот во Кавадарци / Фото: ВМРО-ДПМНЕ

„Гледам повеќе жени овде. И уште еднаш сите вас да ве запрашам, и мажите колку е логично 30 години да не сме имале жена претседателка, да не сме имале жена премиерка, да не сме имале жена претседателка на Собранието. Запомнете ние не сме суетни суштества, ние само сакаме да ѝ помогнеме на Македонија повторно да биде горда, со своето знаење, со својот ум, со својата креација, со својата посветеност. Не откажувајте се од половина од популацијата“,

рече Силјановска-Давкова. 

Таа во својот говор се осврна и на прашањето за заштита на животната средина, за што како пратеничка во Собранието рече дека предлагала многу закони, предупредувајќи дека тие мора да имаат предност.  

„Ние мора да имаме спремни одговори за заканите од тероризам, како и за заканите кои што се исто така врзани за заштитата на животната средина. Ова мене најмногу ме засега, бидејќи овие четири години во парламентот јас не само што предлагав закони, не само што жестоко ги критикував лошите закони, туку исто така најчесто предупредував дека законите што се однесуваат на животната средина треба да имаат предност и дека мора да има зелено столче за невладините организации и експертите. Штитејќи ја животната средина, природата ние се заштитуваме себеси. Ако влезете во битка со природата сигурно ќе ја изгубите“,

рече таа. 

На ова прашање таа се надоврза говорејќи за потребата од подготовка на земјата за безбедносните предизвици, за кои како што кажа немаме стратегија.   

„Исто така мислам дека она што мора да се прави, а што не се правело во советот за безбедност во кој што претседателите имаат право да предложат тројца свои луѓе, е под итно да ги анализираме, да направиме студии да се подготвиме за безбедносните предзвици што веќе ги гледаме и околу нас. 

Има една теорија што се вика „Теорија на срцето на светот“. Таа вели дека оној што ја управува Украина ќе го управува светот. Ова нешто ми зборува. Шаховската табла на прочуениот (Збигњев Бжежински) исто така зборуваше за геостратешките интереси. Ние немаме стратегија во тој поглед“,

рече Силјновска Давкова.  

Од митингот во Кавадарци / Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Говорејќи за тоа како треба да изгледа државата истовремено критикувајќи ги политичките ривали, претседателската кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, порача дека Европа не се брани со рецитирање на пароли, туку со промени, кои значат правна, мирна, средена држава, со добра бирократија, добро здравство и образовани, кое, како што посочи, е најголема инвестиција.  

„Слично на мене една претседателка на Ирска, Мери Робинсон рече дека како професорка ќе се обиде дасе однесува обединувачки. Таа рече дека ќе ги разбуди келтските тирги, јас велат македонски лавови“,

кажа Силјановска-Давкова пред присутните на митингот во Кавадарци. 

Таа рече дека ќе прави нешта што не ги правел актуелниот претседател и еден од нејзините противкандидати во трката за претседател. Ќе се доближи до граѓаните преку народните канцеларии, ќе се обраќа пред пратениците, ќе стави вето на закони за кои ќе смета дека не се добри, а ако е потребно и ќе излезе на протести со граѓаните.  

„Ќе се обраќам до пратениците не само кога знам дека законот е неуставен, туку и за да ги посочам и да ги адресирам проблемите на најранливите категории. Ако и тоа не помогне, немојте да се зачудите и ако ме видите на протести со граѓаните. Мислам дека тоа ќе биде добра знак. Ако законот што имаат намера да го донесат пратениците сметам дека е неуставен ќе ставам вето. Зошто? За да покажам дека јас не сум над Уставот и законот, туку под Уставот и дека ќе го штитам него“,

кажа таа. 

Осврнувајќи се на судството, Силјановска-Давкова рече дека ако во него не седат најпосветените на правото и правдата, нема да има правда. 

„Задоцнетата правда е неправда, а мнозина се во затворите не затоа што сториле неправо, не затоа што сториле кривични дела туку затоа што тие на власт мислеле дека на тој начин ќе се справуваат со нив. Тоа не смее да се случи. Тоа мора да се спречи. Кога во судот ќе седат најдобрите, ама не оние кои наместо преку Академијата за судии и јавни обвинители да влезат и да напредуваат заради стручноста и компетентноста, а таму се заради блискоста до неколкуте фамилии што ја управуваат Македонија, право и правда од тоа нема. Ви ветувам дека моите членови во судскиот совет ќе бидат најпознатите и најпочитуваните правници. Моите предлози за Уставниот суд ќе бидат најголемите бранители на слободите и правата и на Уставот и законот“,

порача таа. 

Силјановска-Давкова и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на изборниот митинг во Кавадарци / Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Кандидатката за преседател на државата поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, во дел од нејзиното обраќање се осврна и на, како што кажа, црната кампања на нивните политички противници, проблем, кој рече е фројдовски и „зборува за нив, не за нас“     

„Секој ден се случува нешто за што се ненадминати. Не знам колку од вас знаат за една фабрика на еден прочуен бунтовен уметник Енди Ворхол, ама ние сме познати по едни други фабрики. Ја помните фабриката во која беа вклучени многу новинари кои требаа да прашуваат и да одговраат, да креираат лажна слика. Деновиве слушате многу такви обивнувања, смешни. Замислете не можат не само да ја погодат ни годината ни годишното време, туку некои идни состојби пренесуваат денеска, ама ваквите фабрики, ваквите измислени нешта,ваквите импровизации зборуваат за нив, а не за нас. Проблемот е верувајте ми фројдовски. Тие се проектираат во црните кампањи и во црнилата. Зошто? Затоа што и по толку се однесуваат небаре се опозиција. Сега зборуваат дека ќе направат чуда, меѓутоа секој што си оди од власта најчесто вели ако е успешен дека ќе го правам она што беше најуспешно, она што ве направи вас горди, она што ви ги решпи проблемите, она што не направи почитувани во светот, но тоа го нем. Затоа почитувани мора да си заминат“,

порача Силјновска-Давкова од митингот во Кавадарци.  

Пронајдете не на следниве мрежи: