Гави во Барселона до 2030 со откупна клаузула од милијарда евра! (ФОТО)

70
0

По Араухо и Педри, кои ја продолжија соработката со Барселона, попладнево каталонската гордост објави дека и Гави ќе остане во клубот најмалку до 2030 година.

Барселона ова и официјално го објави, потпишан е нов договор, на воодушевување на фановите на еден од најголемите клубови во светот.

Официјално не се кажува колкава ќе биде платата на мега – ѕвездата на Барса и репрезентацијата на Шпанија.

Инаку без разлика што Барса пред извесен период објави дека нема јавно да кажува колкави ќе бидат откупните клаузули на играчите со кои потпишува договори, таа за Гави ќе изнесува милијарда евра.

May be an image of 1 person, playing football, playing soccer and text that says '電 GAVI 2030 AMBILIGHT AMBILIGHT RENEWAL'

ПретходноНикола Манојлов во Работнички до 2027
СледноЕуфорија во Хрватска: Хајдук ќе игра од 12.50 часот, само за да може на раат да се гледа ракомет во недела!