19.8 C
Скопје
10:21 - 28 март, 2024

Кина ја потресуваат протести поради ригорозните мерки против ковид

Протести против строгите рестриктивни мерки за спречување на ширењето на Ковид-19 избувнаа утрово во неколку кинески градови, вклучително и во финансискиот центар Шангај, речиси три години од почетокот на пандемијата, јавуваат странските медиуми.

Нов бран на незадоволство беше поттикнат од пожарот во зградата во регионалниот главен град Урумчи на Ксинџијанг во четвртокот, во кој загинаа десет луѓе. Гневот на јавноста беше предизвикан од сомневањата, кои почнаа да се шират меѓу корисниците на Интернет, дека станарите на зградата не успеале навреме да побегнат бидејќи зградата била делумно блокирана, што градските власти категорично го отфрлија.

Полицијата во неколку наврати се обиде да ја растера толпата, а на објавените видео снимки се гледа како толпата и вика кон полицијата „Ние му служиме на народот“, „Не сакаме здравствени кодови“ и „Сакаме слобода“.

Жителите на Шангај, најнаселениот кинески град и финансиски центар, се собраа на бдеење што се претвори во протест рано утринава.

Насобраните демонстранти, како што јавуваат светските агенции држеа празни листови хартија, симбол на демонстрантите против цензурата. После тоа, според видеото објавено на социјалните мрежи, тие почнале да викаат: „Отстранете ја блокадата во Урумчи, укинете ја блокадата во Ксинџијанг, укинете ја блокадата во цела Кина!“ Некои, пак, почнале да извикуваат:

„Долу Кинеската комунистичка партија, долу Си Џинпинг, слобода за Урумчи!“

 

Слични објави

Британците бараат виновник: Кој шири лаги за Кејт Мидлтон?

еспресо

Астропрогноза за четврток, 28 март: За Овните нови можности, за Биковите напредок

еспресо

Ќе „загубат глава“: Три хороскопски знаци лудо ќе се вљубат во април

еспресо

Ана Бекута се врати во „Ѕвездите на Гранд“: „Мислам дека некому пречам“

еспресо

Последните денови на Слаѓана Милошевиќ: „Ме фати за раце и врескаше ‘помош, помош”

еспресо

Марија Шерифовиќ купи „нова машина“: Пејачката се почести со бесен автомобил од речиси 190.000 евра

Еспресо
Се вчитува....