Поранешен германски репрезентативец ја завршува кариерата

Поранешниот германски репрезентативец, 35-годишниот Ларс Штиндл ќе ја заврши кариерата по крајот на сезоната, соопшти неговиот сегашен клуб Карлсруе.

Штиндл има одиграно 11 натпревари за германскиот национален тим, и постигна четири гола. Најдобрите денови во кариерата му беа во 2017/2018, кога ги одигра сите натпревари за Германија, а беше дел во минатото и од Борусија Менхендладбах и Хановер.

„Беше неверојатно убаво и тешко време со многу подеми и падови. Беше важно да се вратам во матичниот клуб. Последната година беше специјална за мене“, изјави Штиндл.

Се вчитува...