Обвинението за „Талир“, случајот за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, кој го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), останува.
Врховниот суд го одби барањето на обвинителката Анита Топалова-Исајловска дека случајот треба да падне, бидејќи е поднесено од неовластен тужител (згаснато СЈО) и дека е во спротивност со повеќе закони.
Во случајот првообвинет е поранешниот премиер и бивш лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на кого му се суди во отсуство, бидејќи избега во Будимпешта, Унгарија, а обвинети се и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески.
Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања и за перење пари.
Обвинети се и Илија Димовски и Леко Ристовски за делото перење пари, а како правно лице и партијата.
Во случајот обвинета беше и Елизабета Чингаровска, но таа призна вина и доби условна казна.
Со измените на Кривичниот законик овој предмет застарува во 2026 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Случај „Талир“: Објавата на сведочењето на Силјан Мицевски го „вознемири“ Никола Груевски