На 102 години почина модната дизајнерка и инфлуенсерка Ајрис Апфел

Американската дизајнерка и модна икона Ајрис Апфел почина на 102 години, пишува „Би-Би-Си“.

Самонаречената „геријатриска-старлета“ беше препознатлива по нејзината кратка бела коса, големи очила, светол кармин и нејзиниот накит.

Апфел својата слава ја достигна во 1980-тите и 1990-тите, но беше познато лице на модните недели во Париз повеќе од половина век.

Веста за нејзината смрт беше објавена пред речиси три милиони следбеници на нејзиниот Инстаграм профил, со нејзината фотографија со огромните очила за гледање.

Апфел е родена во еврејско семејство во 1921 година. Таа студирала историја на уметност, а специјализирала внатрешен дизајн. Со децении работела како внатрешен дизајнер, вклучително и на проекти за реставрација на Белата куќа, пред да стане инфлуенсерка во нејзините осумдесетти години и професионален модел на 97 години.

Во 2014 година режисерот Албер Мајлес го сними документарниот филм за неа, „Ајрис“. Во 2015, таа за „Би-Би-Си“ изјави дека облекувањето треба да биде „забавно“ и дека е „шанса за поигрување со облеката“.

„Тоа е дел од мојот живот бидејќи јас сум креативна личност и мислам дека сите други треба да внесат мала доза на креативност во нивниот живот“, изјави Апфел тогаш.