Утрински Весник
Култура

Костадиновска-Стојчевска за Скопје-европска престолнина на културата: Имаме потенцијал кој, убедена сум, нема да ја пропушти шансата да се покаже во своето најдобро издание

Костадиновска-Стојчевска за Скопје-европска престолнина на културата: Имаме потенцијал кој, убедена сум, нема да ја пропушти шансата да се покаже во своето најдобро издание
Ss2

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, заедно со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир, денеска на сцената „Школка“, во Градскиот парк на прес-конференција ги објаснија сите натамошни случувања и процедури поврзани со „Скопје – Европска престолнина на културата во 2028 година“.

dobivaj vesti na viber

Костадиновска-Стојчевска истакна дека „Скопје – Европска престолнина на културата во 2028 година“ – звучи прекрасно, звучи надежно, но тоа обврзува и на многу, многу работа.

Ss1

„Оваа титула, која на нашиот главен град му ја доделија експертите од Европската комисија, не е награда. Таа е шанса, таа е можност и, како министерка за култура, убедена сум дека ќе дадеме сè од себе во 2028-ма да бидеме горди на Скопје и Скопје на нас. На оваа титула гледам и како предизвик да се обединиме во идејата и да им овозможиме на Скопје и на неговите жители, но и на сите македонски граѓани, да се чувствуваат европски“, рече Костадиновска-Стојчевска на денешната прес-конференција во Градскиот парк.

Таа потсети дека, препознавајќи ја вредноста, но и тежината на титулата „Европска престолнина на културата“, Владата, преку Министерството за култура, се обврза на безрезервна поддршка, и финансиска и кадровска и инфраструктурна, во служба на „Скопје 2028“. Како што нагласи Костадиновска-Стојчевска, ова е проект во којшто ќе се вложува со години, а тоа беше многу важен аспект за Скопје да ја добие титулата „Европска престолнина на културата“.

„Придобивките се огромни, можностите се неисцрпни. Ги повикувам на креативна мобилизација сите културни работници и уметници, независната културна сцена, младите автори, иновативните луѓе, креативните индустрии, невладиниот сектор, туристичките работници, занаетчиите, бизнис-заедницата, медиумите… Имаме потенцијал кој, убедена сум, нема да ја пропушти шансата да се покаже во своето најдобро издание. Ова треба да е наша заедничка инвестиција во една незаборавна година, година во која Скопје ќе биде достојна и впечатлива европска престолнина на културата“, потенцираше Костадиновска-Стојчевска.

Нагласувајќи дека изборот на Скопје за „Европска престолнина на културата за 2028 година“ е огромен успех за македонската култура и тест за нашиот однос кон неа, министерката за култура истакна дека европските експерти ја уважија нашата посветеност и подготвеност да одговориме на предизвиците кои со себе ги носи 2028-ма и како што рече, тоа мора и да го оправдаме.

−„Во 2028 година Скопје нема да биде крстопат туку точка на средба на културите кои своето богатство, уникатност и различност ќе ги стават во функција на утврдување и засилување на европското чувство кај сите. Затоа треба да имаме на ум дека „Европска престолнина на културата“ е, пред сè, идеја, а потоа титула. Суштината на таа идеја сме ја разбрале ако и културата ја разбираме како „мотор“ на нашиот севкупен развој. „Горивото“ е во знаењето, во креативноста и во иновативноста −истакна Костадиновска-Стојчевска и додаде дека нè чека обемна работа во која мора да го вложиме сиот креативен и организациски потенцијал, а европските експерти будно ќе го следат секој наш чекор.

Претходно, во рамки на настанот, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска присуствуваше и на работилницата за македонско народно творештво на Детскиот културен центар – „Карпош“ .

На денешната прослава на тутулата „Скопје-евеопска престолнина на културата“ и на прес-конференцијата, која беше во организација на Градот Скопје, беше подготвена и забавна програма, музички настапи, интерактивни активности и гастрономски уживања.

Ss1

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“