Таравари: Ако добиеме гаранции за 80 гласа, може да почнеме преговори за влез во Владата

Алијанса за Албанците (АА) е подготвена да оди на предвремени избори во јуни или септември годинава, но само доколку добие гаранција од политичките субјекти, вклучувајќи ја и ВМРО-ДПМНЕ, дека ќе почне процесот за уставни измени и во тој случај нема да влезе во Владата. Доколку, пак, добие гаранции дека може да се постигне бројката од 80 гласа, тогаш ќе почне преговори за влез во Владата.

Како што рече вечерва претседателот на АА, Арбен Таравари, Алијанса за Албанците е сѐ уште опозициска партија и сѐ уште е сѐ во игра. Во партијата има ставови про и контра. В петок, централното претседателство ќе одлучи дали ќе станат дел од Владата.

Според Таравари, јасни се пораките од меѓународните претставници - дека уставните измени мора да се донесат за земјата да се придвижи напред.

– Да влезеш во Влада со скандали е тешко и тоа може да ни се одрази на рејтингот, но некогаш граѓаните и општеството се побитни од партијата. Ако имаме гаранции дека може да се постигне бројката од 80 гласа, тогаш може да почнеме преговори, ако не, ќе размислиме и ние. Не сакаме да го рискираме нашиот рејтинг. Но, ги гледате пораките на сите релевантни чинители - сите велат добро е земјава заедно со Албанија да ги продолжи преговорите. Многу е неодговорно да речете „одиме на избори“. Пораките од меѓународниот фактор се „почнете ги преговорите“. Ако Владата потврди дека може да обезбеди 80 гласа, тоа е услов. Да направиме консензус дека го отвораме Уставот и тогаш да, да одиме на предвремени избори во јуни или септември, во таков случај не влегуваме во Влада. Значи, не би влегле во рискантен потег ако не се направат уставни измени. Ако имаме гаранција од ВМРО-ДПМНЕ дека ќе ги почнеме уставните промени, да ги поминеме двете фази и во јуни или септември да одиме на избори. Заедно да најдеме решение, да најдеме 80 гласа и да ги почнеме преговорите, рече Таравари во вечерашното гостување на „Тема на денот“ на ТВ Сител.

Ако се погледне ситуацијата само партиски, АА, потенцира Таравари, е најголемиот критизер на Владата.

– Но, соочени сме со три кризи - инвазијата во Украина, енергетската и економската криза, како и двете државни кризи: корупцијата и организираниот криминал во институциите, како и уставните измени кои се неопходни за да ги почнеме преговорите. Знаеме кај сме и во каква ситуација сме. Некогаш мора да знаеш каде сакаш да одиш. Постојано кажувам и уште еднаш ќе повторам, без разлика дали ќе бидеме дел од владината коалиција или ќе останеме опозиција, ние ќе ги изгласаме уставните измени. Тоа ќе биде нашиот услов за борба против корупција и за правна држава, подвлече лидерот на АА.

Таравари потврди дека при евентуален влез на неговата партија во Владата, нема да замине од функцијата градоначалник на Гостивар што моментно ја извршува.

– Добив поддршка од граѓаните да го терам мандатот до крај. Мислам дека е несериозно да се повлечам и да бидам министер, а во АА има многу доктори кои се квалитетни, рече лидерот на Алијанса за Албанците, додавајќи дека сѐ уште не е ништо конкретно договорено со владината коалиција во однос на некаква поделба на ресорските места или министерствата.

Таравари напомена и дека не очекува проблематизирање на функционирањето на општините од страна на ВМРО-ДПМНЕ доколку АА стане дел од владината коалиција.

Remote video URL
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Read more

Без струја дел од Карпош

Read more

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more
 

Вести

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе